Македонија

Декемвриските пензии ќе се исплатат на 2 јануари

Поради тоа што 1-ви јануари е неработен ден (државен празник), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.

Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјанта сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата на пензиите.

За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари (девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари) за вкупно 340.156 корисници на пензија. Поради тоа што 1-ви јануари е неработен ден (државен празник), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година.

Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи Фондот на ПИОМ веќе ги  достави до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење.

Најнови вести од: Македонија

Завршува сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“

Од 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

To top