Македонија

Денес и утре најтопло

Мало заладување се очекува веќе од четврток кога се најавуваат пороен дожд, засилен ветер и грмежи

 

Синоптичарите најавуваат температури до 40-тиот степен. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се искачат до 20-тиот степен.

За Скопје се најавува утринска температура до 21 степен и дневна до 39 степени.

Здравствените власти вчера ги повторија добро познатите препораки до граѓаните – да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат повеќе течности и лесна храна.

Институтот за јавно здравје и со апел до граѓаните да не биде голема разликата меѓу климатизираните простории со надворешната температура.

Мала промена на времето се очекува веќе од четврток кога се најавуваат пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top