Македонија

Денес избор на ново претседателство на Заедницата на локална самоуправа на Македонија

Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе ја одржи конститутивната седница.

Конституирањето на ова тело се одржува во согласност со Статутот на ЗЕЛС, во рок од три месеци по спроведувањето на локалните избори. Делегатите на оваа седница ќе ги изберат членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС и на Надзорниот одбор. Во рамки на овој настан, членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС ќе одржат конститутивна седница на која ќе изберат претседател и двајца потпретседатели, кои воедно го претставуваат и претседателството на ЗЕЛС. Потоа, новиот претседател на ЗЕЛС ќе се обрати пред делегатите на Генералното собрание.

На дневен ред на оваа седница, како што посочуваат, е ставена на разгледување и Предлог -стратегијата на ЗЕЛС за 2026-2030 година, во која е утврдена визијата и мисијата на ЗЕЛС, како и стратегиските цели за следните пет години. Делегатите на Собранието ќе дискутираат и за Финансискиот и за Акцискиот план на ЗЕЛС за 2026 година, како и за други актуелни предизвици, во локалната власт.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

To top