Македонија

Денеска гласаат болните и затворениците

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу односно 823 се пријавени во Кичево

Утре, 2 ноември се одржува вториот круг од локалните избори , каде што гласачите ќе ги изберат градоначалниците во општините каде што во првиот круг никој кандидат не освои доволен број гласови.

Кампањата за вториот круг заврши ноќеска на полноќ а изборниот молк трае до затворање на избирачките места.

Вториот круг ќе се одржи во 32 општини и во Град Скопје и тоа:Град Скопје, Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево, Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Центар.

Право на глас во вториот круг имаат 1 013 375 граѓани.

Гласањето почнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот.

Денеска, ден пред гласањето за вториот круг од локалните избори, 2025 година, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.

Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен набљудувач.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top