Македонија

Денеска избор на гувернер на Народна банка на Македонија

Во собранието денеска ќе се најде Предлогот за назначување на гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За нов гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја наследи досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас, односно обично мнозинство. Славески во моментов […]

Во собранието денеска ќе се најде Предлогот за назначување на гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

За нов гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја наследи досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска.

За избор на Славески се потребни 61 глас, односно обично мнозинство. Славески во моментов е претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршуваше должностите министер за развој и за финансии.

Мандатот на Славески ќе трае седум години, а предлогот тој да биде иден гувернер го поднесе претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Пред да ја донесе одлуката, таа разговараше со кандидатите за гувернер, а во соопштението објавено по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Трајко Славески предлог на претседателката за нов гувернер на Народната банка

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top