Македонија

Денеска пристигнуваат евакуираните македонски државјани од Израел

Во наредните денови, се очекува да започне реализацијата на враќањето на наши граѓани од Обединетите Арапски Емирати, како и оние што се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт.

Попладнево се очекува со владиниот авион од Египет да пристигнат македонските државјани евакуирани од Израел, со што ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани што побараа извлекување оттаму, информираат денеска од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).

Шест евакуирани македонски граѓани од Израел, утре со владиниот авион ќе стигнат во Скопје

Во следните денови, според Министерството, се очекува да започне реализацијата на враќањето на наши граѓани од Обединетите Арапски Емирати, како и оние што се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт. За нив е предвидено враќање со реализирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.

„Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции соопштуваат од МНР.

Заклучно до денеска, во Амбасадата на РСМ во Абу Дабу се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Од Кувајт е пријавено 31 лице, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, пак, се евидентирани 141 македонски државјанин.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, уште еднаш апелира до сите македонски државјани што се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, во најкус можен рок да контактираат со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС-бројот на Министерството.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top