Македонија

Денеска средба Мицкоски – Де Грот

По средбата, како што најавува владината прес-служба, следува потпишување договор за соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во Владата.

По средбата, како што најавува владината прес-служба, следува потпишување договор за соработка.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска банка Де Грот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top