Македонија

Илјадници Албанци во Приштина, заради поддршка на припадниците на УЧК, меѓу нив и лидерот на ДУИ Али Ахмети со извик: „Да живее УЧК!“

Во центарот на Приштина се одржа „Марш за слобода“, собир за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг за воени злосторства извршени на Косово и Метохија во текот на 1998 и 1999 година, пишува rts.rs. На својот фејсбук профил лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој присуствуваше на овој марш и митинг, објави: „Денес, во Приштина марширавме за слобода и во поддршка на Ослободителите. Албанскиот народ ги прогласи како невини Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Да живее УЧК!“

На централната бина е поставен часовник, кој го одбројува времето до 16 септември, кога во Хаг ќе бидат изречени првостепените пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, чии фотографии беа истакнати на централниот плоштад во близина на Народниот театар. Собирот, организиран од граѓанската платформа „Слободата има име“, собра Албанци од повеќе делови на Косово и Метохија, Албанија и Македонија.

Присутните носеа знамиња на УЧК, Албанија и поретко на Америка, како и пароли со натписи „Без правда нема мир“, „Слобода има име“ и „Во име на народот, прогласете ги за невини“.На собирот присуствуваа и повоени партиски лидери и поранешни регионални команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предводени од Рамуш Харадинај.

Полицијата обезбедуваше витални објекти, верски објекти и приоди кон српските средини во околината на Приштина.

Претседателот на ДУИ на својот профил на општествената мрежа напиша: „Денес, во Приштина  марширавме за слобода и во поддршка на Ослободителите. Овој марш беше моќно сведоштво дека слободата не е само сеќавање на славното минато, туку вредност што се заштитува и докажува секој ден. Косово денес силно се огласи, изразувајќи благодарност за оние што се жртвуваа за неговата слобода и достоинство. Денес, албанскиот народ ја даде својата јасна пресуда: Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими се прогласени како невини! Да живее УЧК!“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

To top