Македонија

ДИК денеска ќе одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница во 13 часот

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница во 13 часот, на која меѓу другото ќе се спроведе жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025. Изборната кампања започнува в понеделник, на 29 септември, и трае до 17 октомври, односно 24 часа пред гласањето. Граѓаните ќе ги избираат градоначалниците и членовите на советите на 19 октомври, додека вториот круг е закажан за 2 ноември во општините каде нема мнозинство во првиот круг.

На изборите ќе учествуваат речиси сите политички партии, коалиции и независни кандидати. Според податоците од ДИК до вчера, потврдени се 303 листи за градоначалници на општините и Град Скопје, и 558 листи за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје. Во фаза на отстранување на неправилности се осум листи за градоначалници и 20 листи за советници во општините Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје.

На истата седница, ДИК ќе спроведе жрепка и за распределба на рекламни паноа и билборди. Максималниот број за политичко рекламирање е ограничен на 50 отсто од вкупниот број на територијата на општината или Град Скопје, според стопанисувачот. Оваа мерка е дел од правилата за фер кампања.

Изборите се осми по ред локални, со фокус на прашања како загадувањето, урбанизацијата и јавниот превоз. ДИК очекува процесот да помине во најдобар ред, со акцент на европските стандарди.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: По жестоките и рафални критики кон Англија опозицијата сега ова го прави и кон САД! Очекувам набргу многу добри вести за граѓаните!

Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани – изјави премиерот Мицкоски.

Учениците се враќаат на настава на 20 јануари – надлежните со апел да нема отсуства

Министерката министерката за образование и наука апелира до родителите и до учениците да бидат редовни во училиштата и што е можно поретко да отсуствуваат, зашто, како што додаде, сите испитувања и во земјава и во светот покажуваат дека оние што редовно ја посетуваат наставата постигнуваат подобри резултати.

Важни вести за Македонија од Брисел: „Политико“ јавува за „планот за двостепена ЕУ“ и „отежнување на правото да се користи ветото“!

„ Новите предлози ќе понудат можност да се стане членка на ЕУ, но ќе се ограничат некои права за донесување одлуки – а можните членки се поделени. Земјите што чекаа со години да се приклучат кон ЕУ се поделени околу плановите, што се изготвуваат во Брисел, за да им се дозволи да станат членки без вообичаеното полноправно право на глас. Меѓу малкуте земји во Источна Европа и Западен Балкан, кои се во ред за пристапување кон блокот, се појавува поделба околу условите поврзани со нивните апликации. Некои инсистираат дека треба да ги добијат сите придобивки од блокот, додека други се среќни само што се на масата.“ – објави денес аналитичкиот магазин за европски прашања „Политико“ од Брисел за моментните расправи, кои се водат во Брисел за планот за „двостепена ЕУ“, што може да има соодветно значење за евроинтеграцијата на Македонија.

To top