Македонија

Димитриевски: „Не сакаме во ЕУ со негирање на сопственото постоење“.

Денеска нема гасни комори, но има политички условувања. Нема возови кон Треблинка, но има преговори што водат кон поништување на идентитетот. Нема униформирани фашисти, но има модерни дипломати…

Македонија поминува низ повторена историја. И ако не се спротивставиме, ако не поставиме јасна, достоинствена, државна позиција, тогаш ќе станеме народ што не учи од својата жртва, порача од денешната прес-конфереција лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски осврнувајќи се на настанаите вчера во Европскиот парламент.

„Ние ја сакаме Македонија во Европската Унија. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија токму за тоа се залага. Но, не сакаме Македонија без Македонци. Не сакаме членство што ќе го платиме со негирање на сопственото постоење“.

Европа треба да биде простор на вредности, не на уцени, истакна Димитриевски.

„Ако ЕУ дозволи еден нејзин член, како што е Бугарија, да ги претвори преговорите во средство за историски реваншизам, тогаш таа дозволува унија во која слабите се жртви, а силните го прекројуваат идентитетот на соседот.

Како што рече, Бугарија води политика на културна агресија, со дипломатија на бела ракавица и со историско фалсификување.

„И денес, 80-тина години подоцна, истата идеологија, само со поинакви методи, се обидува да го избрише македонскиот народ. Нема гасни комори, но има политички условувања. Нема возови кон Треблинка, но има преговори што водат кон поништување на идентитетот. Нема униформирани фашисти, но има модерни дипломати со исти цели: да го претворат македонскиот народ во историска забелешка, без јазик, без култура, без корен. Тоа што не го завршија со еврејската заедница во Македонија во 1943, сега се обидуваат да го сторат со целиот македонски народ“.

„Тогаш нè убиваа телесно, денес сакаат да нè убијат духовно и национално“ рече Димитриевски.„Не нè напаѓаат со оружје, туку со параграфи, услови и напишани „пријателства“ во анекси и протоколи.

„Не сакаат само да се согласиме со нив, туку инсистираат да се откажеме од себе. Ние не бегаме од вистината, туку ја носиме како оружје. Нашата идеологија е јасна: Македонија на прво место“.

Димитреивски рече дека трагедијата е во тоа што овде, во Скопје, токму на ваквата политика и се отвори ширум вратата и започна токму од нашите дворови.

„И тоа преку изјавите на поранешниот Претседател на државата, Стево Пендаровски, човекот кој не само што јавно се декларираше како творец на Францускиот предлог, туку и без срам изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин, потоа преку Зоран Заев, кој со потпишувањето на Преспанскиот договор го замени македонскиот идентитет со „коса црта“. Потоа, преку поранешниот Претседател на Владата, Димитар Ковачевски, кој потпиша договор без консултација со народот, се до министри кои ги променија учебниците, не заради вистината и историјата, туку заради наредба. Тоа раководството на СДСМ го внесе бугарскиот наратив во институциите. Тогашната владејачка гарнитура предводена од ДУИ и нивниот привезок СДСМ не беше вистинска власт, туку слуга на странски и партиски интереси. Ги интересираа само тендерите, компаниите, дипломатските пасоши и иднината на нивните семејства надвор од државата“.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија нуди, рече тој Национална платформа за македонско национално единство – документ кој ги дефинира црвените линии на македонскиот национален интерес и повикуваат сите политички партии да ја прифатат.

„Но господата од СДСМ, наместо барем да ја прочитаат, ја отфрлија во првиот момент. Не затоа што имаа аргументи, туку затоа што ги засрамува. Затоа што секој ред во таа платформа е сведоштво за нивната капитулантска политика и молкот кога требаше да застанат во одбрана на македонскиот идентитет“.

Запрашан каде го гледа решението со проблемот со Бугарија, тој одговори: „Времињата кога Македонија и македонското прашање се решавани на релација Софија, Атина, Белград се минато. Имаме партнери во меѓународната заедница, ќе зборуваме и ќе бараме разбирање. Тоа е всушност улогата на дипломатијата. На Македонија и е потребно национално обединување како никогаш досега. Доколку имаме елементи кои од внатре не гушат, тогаш стануваме послаби. Македонија е една од главните стратешки точки на овие простори“ вели Димитриевски.

На прашањето дали го подржува ставот за уставните промени и дали се за Европската унија, Димитриевски рече:

„Барањата кои доаѓаат од официјална Софија и се потврдија со една нова резолуција пред месец и половина се веќе депласирани.

Она што се случи во Европскиот парламент, национализам, па дури и етношовинизам од поединци претставници кои доаѓаат од соседна Бугарија, но за жал и од соседна Грција, потврдуваат дека ние веќе не разговараме за промени на уставот. Очекувам и нови барања, и доколку Европа сака да функционира така, тогаш нека си ги чува, а ние ќе го бараме нашиот пат и своето решение. Со сопствени сили до таму каде што можеме. Можам да гарантирам, како партиципиент во власта, дека ЗНАМ ќе остане на својот европски курс, но ќе се свртиме кон себе си и ќе бараме дополнителен начин како да го продобриме животот на граѓаните“.

Најнови вести од: Македонија

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во своја научна статија.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

To top