Македонија

Димитровски: Бараат „Бугари во устав“, а не признаваат Македонци во Бугарија

Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски-Жоро, во гостувањето на Канал 5 во Само вистина, рече дека бугарските условувања се апсурдни, затоа што бараат нивни граѓани да бидат ставени во македонскиот Устав, а самите тие тоа не го направиле со нивните малцинства. „Апсурдно е да барате од некои, нивните граѓани да бидат дел од нашиот […]

Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски-Жоро, во гостувањето на Канал 5 во Само вистина, рече дека бугарските условувања се апсурдни, затоа што бараат нивни граѓани да бидат ставени во македонскиот Устав, а самите тие тоа не го направиле со нивните малцинства.

„Апсурдно е да барате од некои, нивните граѓани да бидат дел од нашиот Устав, а вие да не почитувате елементарни човекови права на граѓанско здружување!

Во Бугарија има национален совет за соработка за етнички и интеграциски прашања, кадешто има 9 етнички малцинства.

Значи Ерменци, Роми, Турци, Грци, Власи, Каракачани, Украинци, но нема Македонци и Помаци, бидејќи не ги признаваат Помаците – исто за Бугари ги третираат.

И тоа се т.н. традиционални малцинства пред 1878 година, пред да се формира бугарската држава, односно, пред Русија да им ја формира државата“, рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Опаѓа бројот на нови случаи на Западнонилска треска, двајца се критични

Најголем број хоспитализации бил забележан на 12 август, кога на болничко лекување биле 24 пациенти. Според податоците, мажите заболуваат 3,7 пати почесто од жените, а сите досегашни смртни случаи се кај мажи.

(Видео): Воспоставена контрола над пожарот кај штипско Селце, спасени викендиците

Повторно е воспоставена контролата врз големиот пожар кај штипското село Селце, кој во текот на денот повторно се разгорел и се приближил до повеќе викендички, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

To top