Македонија

Димовски: Секој Македонец кој употребува „Северна“ надвор од институции е со потреба од стручно лице

Експратеникот нема разбирање за „севернизирањето“ на македонската држава, посебно од некои Македонци

Поранешниот пратеник Илија Димовски нема разбирање за Србите, Албанците и Бугарите, уште помалку за Македонците кои ја користат наметнатата географска одредница за македонската држава надвор од институциите.

„Секој Србин, Бугарин или Албанец кој надвор од институции употребува Северна е недоброномерен. Секој Македонец кој го прави истото е со потреба од стручно лице за консултации и разговор“, порача Димовски на Икс (поранешен Твитер).

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top