Македонија

Директорката на ИЈЗ со критика за Венко Филипче

Критика упатена кон поранешниот министер Филипче

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска објави статус на социјалните мрежи на тема „лицемерие“, во кој говори за ситуации кога некој лекар покажал дека пиарот му е поважен од пациентот. Според фотографиите со кои е илустриран статусот, се чини дека „инспирацијата“ е лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Лицемерието изгледа вака. Доаѓа еден час на клиника, со фотоапарат, се фотографира среде операција, и потоа на концерт на Харис Џиновиќ или на јахтата на Заев. И сè така. Хуманизацијата не е успешна затоа што народот знае и за кинеските вакцини, и за модуларната болница и за тендерите, и распаднатите и ограбени здравствени институции кои ги остави зад себе без ‘око да му трепне’. И што е најважно, не заборава!“, напиша на својот Фејсбук-профил директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Најнови вести од: Македонија

To top