Македонија

Директорот снимен “со бело” немал лиценца за работа!?

Д-р Кузмановски 7 месеци немал дозвола за работа, но побарал нова, констатираа од Лекарска комисија

Во моментот не може да му ја одземе лиценцата за работа на разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, бидејќи тој воопшто нема активна лиценца, потврдија од Лекарската комора за  Плусинфо.

Лиценцата на Кузмановски истекла уште на 15 март годинава, а тој дури минатата недела поднел барање за нејзино продолжување. Засега, постапката за обновување е во тек, а неговото име не се наоѓа на официјалниот список на активни лекари објавен на веб-страницата на Комората.

Колегите од Неврологија во одбрана на Колегата снимен со…

„Доктор д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година. Тој има поднесено барање за нејзино продолжување, а Комората ги разгледува сите аспекти поврзани со последните случувања. Се прибира документација и информации од надлежните институции, по што јавноста ќе биде информирана за мерките што ќе се преземат“велат Лекарската комора за Плусинфо.

Според правилникот на Комората, лекар кој ја пропуштил законската обврска за обновување на лиценцата повторно може да се стекне со право на работа само по дополнителна обука и полагање стручна проверка пред комисија.
Лиценцата важи седум години, а барањето за продолжување мора да се поднесе најмалку 30 дена пред истекот, што значи дека Кузмановски требало тоа да го направи уште на 15 февруари.

Кузмановски беше разрешен во петокот, само два часа откако на социјалните мрежи се појави видео на кое зборува за купување „бело“, а на снимката се гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца.
Снимката предизвика лавина реакции, а Министерството за здравство веднаш реагираше со негово разрешување од функцијата директор на Клиниката за неврологија.

Повеќе на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top