Македонија Хроника Свет

Дивеење во авион: Странец полудувал за време на летот Осло-Скопје

Понекогаш ќе се запрашаме дали сакаме да се качиме во авион, не дека е небезбедно, туку дека има еден куп небезбедни патници кои не можат, или не сакаат да се контролираат. Па така, како најново, полицијата по полнок, во 1:30 часот, на Меѓународен аеродром Скопје привела 44 годишен човек од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава […]

Понекогаш ќе се запрашаме дали сакаме да се качиме во авион, не дека е небезбедно, туку дека има еден куп небезбедни патници кои не можат, или не сакаат да се контролираат. Па така, како најново, полицијата по полнок, во 1:30 часот, на Меѓународен аеродром Скопје привела 44 годишен човек од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

Како што информира МВР, при обид да биде извршен службен разговор со А.С, тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, информира МВР.

Најнови вести од: Македонија Хроника Свет

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

Меѓусоседски спор не може да биде пречка за влез во Унијата

Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален документ (нон-пејпер) го посочија спорот меѓу Хрватска и Црна Гора како пример за билатерално прашање што го забавува пристапниот процес на кандидатите за членство

To top