Македонија

Дизелот поевтинува за 4 денари

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар

Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар,

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 86,5,

цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 4,5 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 94 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,248 денари и ќе биде 49,968 денари за килограм.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top