Македонија

До ФЗО пристигнале пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции

Изјава на директорот Клековски

До Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) се пристигнати пет претставки од пациенти во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиолошки интервенции и сите се проследени до Стручната комисија. Ова денеска го рече Сашо Клековски, директорот на ФЗО, институција што е вклучена во работата на Комисијата на Министерството за здравство, со два претставника, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот настан по повод Светкиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

„Последните денови Фондот административно ги провери случаите, бидејќи беа доставени коронарографии што моравме да ги поврземе со досиеја и пациенти. Кај нас има пет претставки од граѓани, сите се проследени до Стручната комисија“,вели тој.

Според него, министерот за здравство побарал и Лекарската комора да направи контроли во сите јавни и приватни установи.

„Очекувам како стигнуваат материјалите, да се сумираат сите заедно и да сее издвојат само проблематичните случаи, што би се дале на супервизија на странските доктори за да имаме неутрален и објективен поглед на работите“,кажа директорот на ФЗО.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андоновски рече дека стручната комисија за кардиолошките случаи работи по предметите, а очекува веќе на следниот состанок да ги има резултатите од првите анализи.

„Очекуваме да пристигнат и други материјали што исто така ќе се разгледуваат. Потоа резивија ќе прават странски експерти, кои треба да пристигнат во земјава. Првиот состанок на министерот за здравство со нив ќе биде онлајн, а потоа ќе дојдат тука да направат ревија“,вели Андоновски.

Ова следи откако кардиохирургот д-р Сашко Кедев во август на јавен настап рече дека во приватните клиники во земјава се прават непотребни кардиолошки интервенции со цел да се извлечат пари од граѓаните.

На 26 август, министерот за здравство Азир Алиу оствари средба со кардиохирургот Сашко Кедев на која разменија информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиолошки интервенции кај пациенти во приватни болници.

Потоа се формираше на независна комисија составена од странски експерти со цел да се утврди дали навистина се вршеле неепотребни хируршки зафати во приватните здравствени установи согласно наводите на д-р Кедев.

Најнови вести од: Македонија

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top