Македонија

До пасош за седум дена

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена

Процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, и покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена, нагласуваат од МВР.

Oва е првпат во јули и август, периодот кога има најголем наплив на граѓани од дијаспората, постапката да се одвива со ваква динамика и без подолги рокови на чекање. Тоа, како што велат од МВР, е резултат на преземените организациски мерки и оптимизацијата на работните процеси.

МВР, нагласуваат дека, располага со соодветни капацитети за да одговори на зголемениот број барања во летниот период, со цел сите граѓани, вклучително и иселениците кои престојуваат во државата за време на годишните одмори, навремено да ги добијат своите патни исправи.

Министерството им препорачува на граѓаните од дијаспората навремено да ја проверат важноста на своите документи и доколку има потреба, барањето за нова патна исправа да го поднесат веднаш по пристигнувањето во државата, имајќи предвид дека во моментов редовната постапка овозможува издавање на документите во кратки рокови.

Од 18 февруари 2025 година, отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР работат согласно ново работно време.

Одделението за управни работи Скопје и Отсекот за управни работи Тетово од понеделник до петок работат во две смени, односно од 07:30 до 19:30 часот.

Отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип од понеделник до петок работат од 08:00 до 18:00 часот. Истото работно време важи и за ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.

Во останатите подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.

Во Скопје, во зградата на МРТВ пред нешто повеќе од една година беше пуштен во употреба реконструираниот дел од Одделението за управни работи – Скопје, а на настанот тогаш министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека повеќе нема хаос и неред, како и граѓани со нарушено достоинство, кога е потребно да се извади личен документ или да се оствари која било услуга која ја дава овој Оддел.

„Целта на реконструкцијата е граѓаните да имаат можност за брзи и ефикасни услуги, да го штедат своето време и сето тоа да биде на достоинствен начин како што заслужува секој македонски граѓанин. Со реконструкцијата и реновирањето засега опфатени се 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните, реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата“, најави тогаш  министерот Панче Тошковски. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Мора да има одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител

Гочева: Биди причината нечие срце да продолжи да чука (ВИДЕО)

Еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева

To top