Македонија

Добрила Kацарска бара да се укине зголемувањето од 7000ден на пензиите, а истовремено бара зголемување на платата од 100.000 денари

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДС стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите, додека истовремено бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДС стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите, додека истовремено бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари – изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Додека поединци судии и обвинители кои немаат ниту кредибилитет ниту легитимитет, блиски до структурите на СДС јавно бараат енормни зголемувања на платите, Кацарска по насока од СДС бара намалување на линеарното зголемување на пензиите.

СДС кои ја крахираа економијата и го контаминираа судството со свои кадри, сега на безобразен и срамен начин, преку Добрила Кацарска, се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите.

Додека СДС молчи, бидејќи во нивно време пензионерите добиваа по 150 денари покачување, нивните инфилтрирани поединци во судството гласно бараат европски плати со доверба од едвај 2%. Во регионот и Европа, правосудните органи со далеку поголема доверба имаат плати слични на нашите, а кај нас судиите и обвинители со 2% доверба бараат двојно зголемување до над 6.000 евра, а притоа се бара кратење на пензиите на пензионерите. Чест на исклучоци, но поголемиот дел од овие контаминирани и корумпирани кадри блиски до СДС немаат ниту срам, ниту образ.

Почитувани граѓани, почитувани пензионери,

Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и го подига животниот стандард.

Бараме од СДС јавно да се огради од барањата на Кацарска за поништување на зголемувањето на пензиите, кои таа ги побара од Уставниот суд – изјави Манасиевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top