Македонија

Дојава за бомба испразни тетовска гимназија

Веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот

 

Продолжува серијата последователни закани врз имназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово,  информира „ТетоваСот“.

Утрово пристигнала нова дојава за бомба…

Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот.

Од надлежните институции се очекува да потврдат дали се работи за лажен аларм, како во претходните случаи, додека истрагите за идентификација на авторите на овие закани продолжуваат.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top