Македонија

,,Државата” Вевчани преку Виа Игнација го освои Њујорк

Малото Вевчани на големата светска сцена – Македонската уметност блесна во Њујорк

Питорескното и бунтовно Вевчани, познато по својата богата духовна и уметничка традиција, деновиве се најде во центарот на вниманието во Њујорк.

На 20 Март во градот што никогаш не спие свечено бешр отворена изложбата „Traveling in Colour: The Balkan Spirit in New York“, која претставува избор на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Изложбата се одржува во Gallery MC, каде пред бројна публика беа претставени дела инспирирани од православната иконографија и балканското културно наследство.

Уметничките творби ја спојуваат духовноста со современиот израз, претставувајќи ја Вевчанската колонија како „архив во движење“, во кој традицијата постојано се преосмислува.

Настанот привлече внимание како редок пример на автентична македонска културна приказна што директно комуницира со глобалната публика.

Свеченото отворање се одржа на 20 март, а изложбата ќе биде отворена за посетители до 25 март.

Организаторите оценуваат дека станува збор за значаен чекор во интернационализацијата на македонската уметност, испраќајќи силна порака дека македонската духовност има свое место на светската сцена.

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам, како дел од културната дипломатија на државата.

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ се одржува во организација на семејството Угриноски во прочуениот традиционален ресторан ,,Виа Игнација” во Вевчани.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

To top