Македонија

ДС: Доста со декларации и резолуции – никој не ги разгледува ниту чита

Треба да се демонстрира национално единство што ќе предизвика реакција од ЕУ

 

Демократската лига на Павле Трајанов бара да се престане со усвојуваме резолуции и декларации кои не се обврзувачки за никого и кои никој не ги разгледува ниту чита.

„Демократската лига предлага македонското собрание да се обрати до Советот на Европската унија и да побара тоа тело ги усвои следните заклучоци:

Прво, по пристапувањето на Македонија во Европската унија, македонскиот јазик треба да биде службен јазик.

Второ, историските, идентитетските и јазичните прашања не треба да бидат основа за блокирање на европските интеграциски процеси.

Трето, Бугарија треба да биде принудена да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, што ќе им овозможи на Македонците во Бугарија да се обединат во афирмирањето на нивните посебности поврзани со јазикот, културата, историјата итн.

На овој начин ќе се демонстрира национално единство и ќе се предизвика реакција од ЕУ.

Предлагаме конкретни акции, а не резолуции или декларации кои се користат за дневнополитички препирки, манипулации и политички маркетинг“, велат од Демократскиот сојуз.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top