Македонија

ДУИ: Обвинувањата на Мицкоски се неосновани и опасни

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги отфрла обвинувањата на премиерот Мицкоски, нарекувајќи ги неосновани и опасни.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги отфрла обвинувањата на премиерот Мицкоски, нарекувајќи ги неосновани и опасни. Според партијата, тврдењата за наводни тајни сценарија со СДСМ и предизвикување хаос на изборите се чиста клевета, со цел да се прикрие недостигот на легитимитет на неговата моноетничка влада. ДУИ нагласува дека секогаш била столб на слободни и демократски избори и дека нема мотив ниту интерес да учествува во какви било „тајни планови“ или да создава нестабилност, како што тврди Мицкоски. Партијата предупредува дека ваквите изјави можат да поттикнат етнички тензии и повикува на одговорност во политичкиот дискурс.

Наместо да измислува имагинарни непријатели, премиерот треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот, зошто ги дискриминира Албанците. Зошто, спротивно на Уставот и законот, го намали бројот на советници, зошто ја инструментализира ДИК, Уставниот суд и другите институции во служба на неговите партиски и моноетнички планови и зошто со секоја одлука ја враќа државата назад во времето пред 2001 година? ДУИ не може да остане рамнодушна кога се гази Охридскиот рамковен договор, кој е клучен за стабилноста на земјата и нејзината прогресивна иднина“,

се наведува во реакцијата на ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top