Македонија

ДУИ загуби влијателен член кој го напушта Али Ахмети поради прием на човек кој не го сака народот

Револтиран што ДУИ во своите редови го враќа Аријанит Хоџа кој во 2021 година и се закани на ДУИ дека ќе оди во опозиција

Екс генералниот секретар на Движењето БЕСА и министер за земјоделие во владата на Заев Аријанит Хоџа е причината за напуштање на ДУИ на екс градоначалникот на Желино Фатмир Изаири.

Изаири е еден од највлијателните луѓе на ДУИ во шестата изборна единица и важи за еден од најчесните функционери на партијата на Ахмети.
Поранешниот градоначалник на Желина од редовите на ДУИ и еден од влијателните луѓе во изборната единица 6 ги критикува неодамнешните промени во ДУИ каде што Аријанит Хоџа беше назначен за потпретседател на оваа партија.

Поставувајќи ја дилемата „да се биде или да не се биде“ – тој избира, како што вели, „да не биде повеќе дел од оваа гарнитура“, по овие промени.

Тој вели дека лично го искажал овој став на состанокот пред неколку дена, кога рекол дека е луксуз да им наметнува на граѓаните луѓе кои не ги сака.

„Сега, конечно, кулминацијата е достигната! На лидерски позиции ги имаме оние кои, под капата на политичка партија, нè оцрнуваа, нè навредуваа на најпонижувачки начин, заминаа таму и станаа дел од други политички партии. Дури и формираа свои партии. На крајот, кога изгубија сè, последната станица е ДУИ, која не само што ги рехабилитира, туку и ги унапредува со функции и истите сега нè водат!“, пишува Изаири.

Како што вели Изаири, не е лесно за еден организам да прифати туѓи тела, но додава, „заради поголеми цели, толеранцијата за отпор се зголеми“.

„Нормално е дека заминувањето на поединец не е доволно значајно за да му наштети на ДУИ, но подолго време ДУИ не е идентификувана во своето јадро и освен претседателот и неколку други околу него е узурпирана од лица од други партии, понекогаш од Европскиот фронт, понекогаш од АКИ, каде што иако со скршено срце останавме лојални на одлуката на претседателот и го поддржавме. Осврнувајќи се на прашањето, да се биде или да не се биде, јас бирам повеќе да НЕ бидам дел од оваа група!“, пишува Изаири, меѓу другото.

Тој е револтиран што ДУИ во своите редови го враќа Аријанит Хоџа кој во 2021 година и се закани на ДУИ дека ќе оди во опозиција.

Токму Изаири на тие локални избори стана градоначалник на Желино.

Хоџа тогаш по приговорот за Желино во ДИК од страна на ДУИ му порача на Ахмети и да се подготвува за опозиција.

Најнови вести од: Македонија

Несфатлива противречност: Во најновиот нацрт-извештај Вајц вели „нема доволен напредок“, а со резолуцијата на ПССЕ се „признава напредокот на земјата“?! (1)

Европскиот парламент, Советот на Европа и неговото Парламентарно собрание, нивните известувачи за Македонија, со сите нивни резолуции и извештаи еднаш ‘поздравуваат и признаваат’, но по неколку седмици силно критикуваат дека ‘не е постигнато ова и она’. Тие првин нагласуваат дека ‘Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските’, но само по кратко време сега се вели дека ‘нема долгорочна политичка посветеност’. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц во Европскиот парламент и претходните ставови и оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од Резолуцијата од 29 јануари 2026 година за ‘има-нема  напредок’ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во овие клучни европски институции. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните ‘признателни’ и ‘поздравителни’ наводи од споменатата резолуција на ПССЕ од 29 јануари.“ – пишува Свето Тоевски во својата анализа.

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top