Македонија

Дури 23 пожари низ Македонија, моментално беснеат 11

Центарот за управување со кризи извести дека до пладне во земјата се регистрирани повеќе пожари на отворени површини, од кои неколку се сèуште активни, а само еден е локализиран. Пожарите од Блаце што почнаа во неделата, се проширија кон планините Чучер Сандево.

Борбата со пожарите продолжува. Центарот за управување со кризи извести дека до пладне во земјата се регистрирани повеќе пожари на отворени површини, од кои неколку се сèуште активни, а само еден е локализиран. Пожарите од Блаце што почнаа во неделата, се проширија кон планините Чучер Сандево. ЦУК информира дека до 19.00 часот регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои:

  • Активни: 11
  • Локализирани: 2
  • Изгаснати: 9
  • Под контрола: 1

Активни пожари има во:

  • Прилеп – с. Бешиште (мешана шума)
  • Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатина (дабова шума и грмушки)
  • Македонски Брод – с. Самоков (лесно запалив материјал)
  • Дебарца-Струга – с. Волино кон с. Ливада, Охрид (ниска вегетација и жито)
  • Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест терен)
  • Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација)
  • Чучер Сандево – Кучевишка бара (ниска вегетација)
  • Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација)
  • Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
  • Кавадарци – с. Крушевица (ниска вегетација)
  • Гостивар – автопат Гостивар-Тетово (ниска вегетација)

Локализирани се пожарите:

  • Делчево – градска депонија
  • Желино – с. Ларце (ниска вегетација и грмушки)

Под контрола е: Штип – с. Врсаково (жито)

Изгаснати пожари има во:

  • Чучер Сандево – црква Св. Недела (ниска вегетација)
  • Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија)
  • Гази Баба – парк-шума „Гази Баба“ (ниска вегетација)
  • Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација)
  • Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште)
  • Бутел – с. Визбегово (ѓубре)
  • Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација)
  • Росоман – с. Сирково (ниска вегетација)
  • Липково – с. Никуштак (ниска вегетација)

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top