Македонија

Дури 400 испитувања покажале неисправна вода за пиење во времето на екс-министерот за здравство

Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода, објави ВМРО-ДПМНЕ

 

Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДСМ располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана.

Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, а институциите не презеле соодветни мерки ниту навреме ги предупредиле граѓаните да не ја користат водата. Тоа отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за начинот на кој било заштитувано јавното здравје, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче се обидува да зборува за заштита на здравјето на граѓаните, додека тој знаел за овие анализи, а молчел и криел од јавноста. Документите и фактите покажуваат дека токму во периодот кога Филипче беше министер, Министерството за здравство располагало со извештаи за небезбедна вода, а јавноста останала без информација.

Документите покажуваат конкретни случаи:

На ден 12.08.2021 година, чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна.

На 27 јули 2021 година е констатирана неисправна вода на чешма пред училиште во село Гумалево, Општина Зелениково.

На 29 јуни 2021 година, по земена мостра од локален водовод во Дебарца, е утврдено отсуство на резидуален хлор, поради што водата била небезбедна за пиење.

На 11 мај 2021 година, во Требеништа, Општина Дебарца, е утврдена микробиолошка контаминација и присуство на бактеријата Ешерихија Коли.

На 6 јули 2021 година, во одморалиштето Пониква кај Кочани, анализите покажале дека водата не ги исполнува законските стандарди поради зголемен број бактерии и присуство на Ешерихија Коли. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи.

Ако овие информации биле познати на Министерството за здравство, зошто граѓаните не биле известени? Зошто Филипче како министер и СДС тогаш молчеле и не го решиле овој проблем? Зошто не биле преземени мерки за отстранување на ризикот? И зошто денес оние што молчеле се обидуваат да држат лекции за јавно здравје?

Дали Венко Филипче како министер и доктор ја прекршил и Хипократовата заклетва и дозволил граѓаните да консумираат вода која претставувала ризик за здравјето на тие кои ја консумираат?

Молчењето кога постојат информации за небезбедна вода не смее да остане без одговорност.

Поднесени се пријави до Министерството за внатрешни работи. Очекуваме Јавното обвинителство темелно да го испита целиот случај, да утврди дали постоело прикривање на информации и дали со непостапувањето биле загрозени здравјето и животите на граѓаните.

Одговорност мора да има. Никој не смее да биде над законот, без оглед на функцијата што ја извршувал“ се вели во соопштението на владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top