Македонија

Двајца битолчани на диво уловиле две срни

„незаконит лов“

На 28.09.2025 околу 10:30 часот на крстосница за с.Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола.

При преглед во возилото „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

Самсунг (Samsung) на “Tech Forums” сесиите на “CES 2026“ собра лидери за интероперабилност на паметни домови на дискусија што ја дефинира индустријата

To top