Македонија

Две компании кои ископувале кај изворите во Шум предизвикале загадување на водата во Струга

Доколку не се преземат итни мерки за санирање на состојбите, Струга трајно ќе ги изгуби изворите од Шум

Доколку не се преземат итни мерки за санирање на состојбите, Струга трајно ќе ги изгуби изворите од Шум, кои го снабдуваат со вода целиот град и околината. Во изворите е пронајдена ешерихија коли и ентерококни бактерии од фекално потекло, а матноста на водата од градскиот водовод сѐ уште е висока и забранета за користење, бидејќи водоводниот систем не е добро испран и не е извршено хиперхлорирање.

Од Центарот за јавно здравје примероци вода се испратени за проширена анализа во Институт за јавно здравје во Скопје, со цел, меѓу другото, да се испита и радиоактивноста.

„Од каде знаеме ние? Во оваа вода јас ги прашав од Водовод дали вие имате досега правено проширена анализа? Двапати во годината мора да прават проширена анализа заради честички кои можат да се најдат, а се токсични за организмот или канцерогени“, вели Лидија Симоноска од Центарот за јавно здравје.

Состојбата е катастрофална, вели струшкиот градоначалник, кој поднел пријави до сите надлежни органи. Констатирано е дека низ годините се вршени длабоки ископувања од две компании, кои веројатно се главната причина за настанатата штета. Поранешните општински органи, градоначалниците и надлежните институции, со своите постапки или непостапување, го оштетиле екосистемот и, следствено, водата, па се бара кривична одговорност, вели Менди Ќира.

„Што е констатирано досега: дозволување на ископувања повеќе од 10 години без критериуми, само за материјална корист. Сериозна институционална аномалија, при што една од компаниите добила дозвола за ископувања во оваа чувствителна зона. Не е утврдена заштитна зона од 1 км околу изворот. Барам виновниците да сносат кривична одговорност, бидејќи станува збор за витално прашање за здравјето и животот на граѓаните“, вели Ќира.

Раководителот на општинскиот инспекторат за животна средина се амнестира од одговорност, иако каменоломот постои четири години и се гледа и од општинската зграда. Инспекторатот чекал некој да пријави за тоа што со години се случувало во извориштето, кое воопшто не било заштитено.

„На локацијата нема одобрение за експлоатација на суровина, нема побарано и нема добиено одобрение за поставување на некој објект за таа локација, за изградба на било каков инфраструктурен објект, нема елаборат или студија за заштита на животната средина“, вели Митко Коркутоски, инспектор за заштита на животната средина во Струга.

Од каменоломот е отстранета сета механизација, а на барање на градоначалникот професори од Градежниот факултет вршат увид на лице место.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top