Македонија

Еден милион евра поддршка од државата за иселениците, што ќе инвестираат во Македонија

Македонија воведе мерки за поддршка на иселениците што ќе инвестираат во нејзиниот развој. Ова е дел од националната стратегија за зголемување на инвестициите и за подобрување на економската состојба.

– Ќе се дава финансиска поддршка за инвестиции на иселениците, односно на компаниите основани од иселеници што живеат најмалку пет години надвор од државава. Тоа значи дека ако инвестира во Македонија, иселеникот може да добие поддршка од 15 до 50 проценти од инвестицијата. Значи ако инвестира 500 илјади евра, може да добие од 50 до 250 илјади евра – изјави министерот за економија, Бесар Дурмиши

Државата ќе им дава финансиска поддршка и на иселениците што се надвор од државата повеќе од пет години и сакаат во Македонија да ги инвестираат парите што ги заработиле. Во зависност од висината на инвестицијата, тие ќе можат да добијат еден милион евра од државата. Еден од условите е инвестицијата да биде во производството, односно да донесе нова технологија и да отвори нови работни места. Новите правила за доделување државна помош, со кои значително се менува рамката за финансиска поддршка на инвестициите, стапија на сила на 1 јануари годинава. Како што соопштија од Министерството за економија и труд, целта е да се поттикнат поквалитетни инвестиции, да се отворат одржливи работни места и да се зголеми продуктивноста во економијата.

Според новите измени, кои беа усвоени во август минатата година, се воведуваат два клучни критериуми, право на финансиска поддршка ќе имаат компаниите што реализираат почетна инвестиција од најмалку 100 илјади евра, а инвестицијата мора да биде во рамките на преработувачката индустрија. Со новото законско решение се исклучуваат повеќе сектори што досега користеа поддршка. Повеќе нема да се доделува финансиска помош на субјекти со дејност во примарното земјоделство, шумарството и рибарството, како и за градежни активности поврзани со изградбата и продажбата на станови и на деловни згради.

– Ќе се дава финансиска поддршка за инвестиции на иселениците, односно на компаниите основани од иселеници што живеат најмалку пет години надвор од државата. Тоа значи дека ако инвестира во Македонија, иселеникот може да добие поддршка од 15 до 50 проценти од инвестицијата. Значи ако инвестира 500 илјади евра, може да добие од 50 до 250 илјади евра. Бидејќи ова, на некој начин, доаѓа како враќање од странство и инвестирање на парите од државава – изјави министерот за економија, Бесар Дурмиши.

Тој појасни дека ако некој живее и работи надвор повеќе од пет години, заработил доволно, сака да се врати во Македонија и сака да инвестира, ќе има предност во рамките на законот да добие финансиска поддршка. Ова ќе се однесува само на инвестициите во производството, а не во трговијата. Целта е да ги инвестира парите тука и да вработи луѓе таму каде што ќе отвори фирми. Доколку отвори фирма во некое рурално место, ќе има поголем процент на финансиска поддршка. За да ги добие парите од државата, инвеститорот ќе треба прво да инвестира, а потоа да чека државата да му врати дел од парите.

Инаку, со овој закон се предвидени вкупно 20 милиони евра финансиска поддршка и, како што појасни Дурмиши, ќе има за сите. Некој ќе добие 5, некој 10, некој 15 илјади евра, зависно од висината на инвестицијата, а максималниот износ што може да го добие еден инвеститор е еден милион евра, појасни министерот.

– За добие финансиска поддршка од државата, фирмата мора да работи профитабилно и да ги задржи вработените на своите работни места. Со овој закон ќе има поддршка за нови вработувања, а компанијата ќе добие 20 отсто од исплатената нето-плата. Значи ако вработи ново лице и аплицира да добие поддршка, компанијата може да добие 4.400 евра годишно. Исто така, предвидена е и поддршка до 50 отсто од оправданите трошоците, но да не го надмине максимумот од еден милион евра поддршка на инвестицијата. Се предвидува поддршка на 10 отсто од оправданите трошоци за набавка на машини, опрема, земјиште… ако сака да ги зголеми капацитетите и 10 отсто поддршка за зголемување на конкурентноста – изјави Дурмиши.

Инаку овој закон, како што појаснија од Министерството, има цел да постави стабилна рамка за поттикнување на инвестициите, отворање нови работните места, технолошки развој и регионален баланс. Така, на пример, ако некој инвестира во Скопје или во Тетово, каде што има повеќе компании, ќе има помала финансиска поддршка отколку ако инвестира во некое селско место, бидејќи ќе има повеќе трошоци за транспорт на суровините и за производство, како и на готовите производи.

Како што велат од Министерството за економија, целта е преку новите мерки да се поттикнат инвестиции што ќе ја развиваат производствената индустрија, ќе воведат нови технологии и иновации и ќе создадат одржливи работни места. Оттаму очекуваат дека овие измени ќе придонесат за забрзан економски раст, повисок животен стандард, повисоки плати и за пониска инфлација. Министерството за економија и труд ќе ја води целата постапка – од проценката и потпишувањето на договорите до следење на нивната реализација. Според нив, на овој начин се обезбедуваат континуитет, контрола и отчетност во користењето на јавните пари.

Најнови вести од: Македонија

По повеќемесечно чекање од денес повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер – Се разгледува можноста за набавка на втора ПЕТ камера

По повеќемесечниот застој единствениот ПЕТ/КТ скенер во Македонија повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за прегледи на пациентите, кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања. Според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.

Уништени, или оштетени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв – ги сечеле со брусилка!

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни, информираат од Здружение за одржлив развој САТ – Скопје. Зимската маркација била поставувана од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година со учество на повеќе од 25 локални доброволци и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложиле значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Штетата се проценува на најмалку 8.000 евра.

Претседателката на Македонија Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за македонската делегација, најбројна досега на Медитеранските игри

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова.Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите

Училишна кошничка со попуст до 15 проценти, Владата ќе ја разгледа нацрт-одлуката на 25 август

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд.

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

Најнови вести

To top