Македонија

Екс-градоначалникот и уште петмина ќе одговараат за уривање на спомен-куќата на Владо Малески

Наспроти решението на Управата за заштита на културното наследство Рамиз Мерко му дозволил на првообвинетиот, покрај приземје и кат, да изгради и подрум на објектот

ОЈО Струга поднесе обвинение против шест лица во врска со уривањето на заштитената спомен-куќа на авторот на македонската химна Владо Малески, што се случи во октомври минатата година. Во обвинението е опфатен и ексградоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Првообвинет во случајот е управител на градежна фирма од струшко Велешта, кој како инвеститор и изведувач срушил стара струшка куќа, а при правење ископ за новиот објект со подрум, приземје и кат ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен-куќа на Владо Малески.
Иако Управата за заштита на културното наследство го задолжила да изготви идеен проект со прецизно утврден начин на уривање поради непосредната близина на заштитената куќа на Владо Малески, тој изготвил само основен проект.

„Копајќи за подрумските простории на новиот објект, обвинетиот извршил широк ископ со багер, со што го поткопал заедничкиот преграден ѕид меѓу двата објекти, што довело до дестабилизација и уривање и на куќата под заштита како културно наследство“, велат од ОЈО.

Со обвинението се опфатени и градежен инженер и архитект од Секторот за урбанизам при Општина Струга кои го изготвиле и одобриле одобрението за градење без приложен идеен проект за уривање на претходниот објект.

Обвинет е и ексградоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој наспроти решението на Управата за заштита на културното наследство му дозволил на првообвинетиот, покрај приземје и кат, да изгради и подрум на објектот.

За помагање на првообвинетиот обвинета е и архитектка-конзерватор од Заводот за заштита на културното наследство и музеј Охрид, која дала позитивно мислење за усогласеноста на проектот со насоките на Управата и заверила техничка документација со која, спротивно на решението на Управата, била предвидена изградба на подрум.

„Со дејствијата на обвинетите, на 15.10.2025 година, на улицата ‘Браќа Миладиновци’ во Струга била оштетена стара струшка куќа прогласена за значајно културно наследство“, велат од ОЈО.

Најнови вести од: Македонија

Етничката припадност веќе нема да биде предност за добивање работно место

Додека сум јас министер, етничката припадност нема да има приоритет пред стручноста. Или сите ќе сфатиме дека ни треба квалитетна администрација, или нема да нè биде“ порача министрот за јавна администрација

Петровска: Две години укажувавме на проблемите во СДСМ, но бевме игнорирани

„Долг период укажував на проблемите во партијата и имав неколку разговори со партискиот лидер; тие разговори завршуваа или со молк или со договор, по што следуваше неспроведување на решенијата. Токму затоа, по две години, одлучивме да излеземе во јавноста“, вели пратеничката и поранешна министерка за одбрана

To top