Македонија

Екс министер потсетува од каде му се парите на Бучковски за да стане бизнисмен

Бучковски, Ахмети и Џафери досега не излегоа со демант за Хајредини

Екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи потсетува од каде му се парите на екс премиерот Вчадо Бучковски за да стане бизнисмен.

 

Хајредини цитира извор според кој поранешниот премиер и специјален владин претставник за олеснување на затегнатите односи со Бугарија, Владо Бучковски, кој презема фирма и стана бизнисмен предходно добил огромно мито од Телеком оператор.

 

,,Познато е дека првите 2,5 милиони, исто како и на Али (Ахмети) и Муса (Џафери), им се од ТЕЛЕКОМ”, пишува Хајредини.

Во  Post Scriputum Хајредини додава дека аферите со митото на ТЕЛЕКОМ, детално ги опишува тогашниот министер за финансии, Петар Гошев, во обемната анализа под индикативен наслов “Моите соочувања со гангстерите од Будимпешта” и поднаслов “Телеком”, или case study за пљачкосувањето на Македонија”.

За случајот Телеком во САД имаше и казни за директорите на Маџар Телеком но во Македонија никогаш не беа досудени казни за екс премиерот, лидерот на ДУИ Ахмети и екс министерот а сега пратеник Муса Џафери.

Во САД случајот беше пресуден во 2017, во Македонија застаре во 2023 година, по 12 години судење. Застаре поради измените во Кривичниот закон донесени од парламентарното мнозинство.

Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи се спогодија со Американската комисија за хартии од вредност: платија високи парични казни и добија забрана да вршат дејност поради тоа што подмитиле македонски владини функционери во периодот од 2004 до 2006 година, со 7,5 милиони евра, за да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот пазар.

 

Ексразузнавачот Слободан Богоевски, пред судот во Њујорк, функционерите ги идентификува како Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.

 

Бучковски, Ахмети и Џафери досега не излегоа со демант на статусот на Хајредини.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top