Македонија

Ел Чека објавува: Обвинителот од Кичево, Бектеши му зема 15 илјади евра на иселеник?! (ВИДЕО)

рушвет од 15 илјади евра на маса

Дилавер Бектеши од Кичево, обвинител близок до албанска опозициска партија, му зема 15 илјади евра на еден иселеник. Иако, ова го објавив уште порано, законот не презеде никакви мерки против него — плукам по законот и по сите вас, објави Ел Чека на својот фејсбук профил.

-Дилавер Бектеши: Сумата е 15 илјади евра
Граѓанинот: Евра а?
-Дилавер Бектеши: (Објаснува нешто полиција, куршуми)….. А потоа или ти да признаеш, ќе направиме договор со обвинителството или предметот ќе оди по скратена постапка на суд.

Инаку, на жената на овој Дилавер, некоја наставничка по англиски, на профил на ФБ и’ стои бројот на гласачката позиција на дотичната албанска опозициска партија која во моментот владее со Кичево, потенцира Ел Чека во објавата.

Најнови вести од: Македонија

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top