Македонија

ЕУ не може да гарантира дека нема да има нови блокади од Бугарија, вели италијанскиот амбасадор

Паоло Палминтери ги разбива илузиите дека впишувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последната уцена на патот кон Унијата

Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Македонија, му порача на Скопје дека Европската унија не може да му даде гаранции дека нема да има понатамошни блокади од Бугарија на патот кон членството.

„Не постои правна или политичка гаранција која може да се даде, бидејќи процесот на проширување е со кластери, поглавја и мерила за овие поглавја. Тоа е многу комплицирано и секој чекор бара едногласност од европска страна, што значи дека секоја гаранција до одреден степен ќе има мала вредност. Најдобра гаранција би била поинаква клима на доверба меѓу Северна Македонија и нејзиниот сосед“, изјави Палминтери во интервју за ТВ 24.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top