Македонија

Европско Првенство во Модерен, Џез и Класичен Балет 2026 во Скопје

Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа

Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа – Европското првенство во модерен, џез и класичен балет 2026, кое ќе се одржи од 21 до 29 октомври 2026 година во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“. Студиото „Брејк А Лег“ како официјлен организатор на настанот, најавува спектакл со учество на над 3.500 натпреварувачи од најмалку 30 европски земји. Слоганот на самото првенство е – Место каде што елеганцијата се среќава со традицијата. Нашата Македонија е простор каде убавината и традицијата живеат рамо до рамо. Од вековни манастири до величествени планини, од топлината на македонското гостопримство до ритамот на народниот танц — Македонија нуди повеќе од сцена, таа нуди приказна.

За потребите на промотивните активности е создадено едно од неколкуте промотивни видеа кои ќе бидат снимени и објавувани до оджувањето на самото првенство. Главната улога во првото видео ја има Стефанија Гаштарска, првата македонска балерина која настапувала на сцената на Болшој театарот во Москва. Нејзиниот настап го носи духот на првенството – елеганција, сила и македонската гордост. Видеото е дело на Ненад Смиљковиќ во продукција на студиото „Брејк А Лег“ и е проследено со музика од Александар Јовевски, автор на композицијата „Игра на инструментите“, чиј звук ја истакнува магијата и културното наследство на Македонија. Атмосферата дополнително е збогатена со присуството на фолклорни играчи кои се симболот на македонската традиција.

https://www.youtube.com/watch?v=wAK1jwNCKEo

„По огромниот успех со Светското Првенство во ХипХоп во 2024 година, странските учесници и гости со нетрпение го очекуваат следниот голем настан во Македонија. Европското првенство има за цел да ја мотивира младата популација да се занимава со танцот како уметност и спортска дисциплина и дополнително да го поттикне секторот во Македонија, кој веќе е на високо ниво. Стефанија Гаштарска е дел од визијата за ова првенство – таа е една од најуспешните балетски играчи надвор од Македонија, врвен талент со кој сите можеме да се гордееме. Маркетинг агенцијата Пипл Медиа која ќе биде одговорна за маркетингот и односите со јавност на самото првенство, бидејки изминативе неколку години се покажаа како врвни професионалци во делот на организацијата и промоцијата на сите танцови случувања кои се организирани од страна на студиото „Брејк А Лег“. Убеден сум дека оваа комбинација ќе создаде уште едно првенство што ќе ја вброи Македонија меѓу најпосакуваните европски дестинации“ изјави– Трајче Петковски од студиото „Брејка А Лег“ организатор.

„Европското првенство во модерен, џез и класичен балет 2026 во Скопје претставува вистински предизвик, но и голема можност за Македонија да се позиционира како културен и уметнички центар во Европа. Очекувани се илјадници гости, натпреварувачи, тренери и љубители на танцот, кои ќе го почувствуваат духот на Скопје и ќе ја откријат убавината на нашата земја. Програмата ќе опфати девет дена исполнети со настапи на најталентираните балетски и џез танчари на континентот, со спектакуларни сцени и изведби кои ќе ја истакнат важноста на танцот како современа уметност и спортска дисциплина. Покрај натпреварите, на посетителите ќе им бидат понудени културни и туристички содржини, со што Македонија ќе биде прикажана во своето најубаво светло“. Организаторите истакнуваат дека целта е да се создаде настан кој ќе остане запаметен по својата уметничка и организациска вредност. Со поддршката од институциите, соработката со професионални партнери и огромната енергија на младите танчари, Скопје ќе стане европска престолнина на танцот во октомври 2026 година – изјави Андријана Петковска од студиото „Брејка А Лег“ организатор.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: По жестоките и рафални критики кон Англија опозицијата сега ова го прави и кон САД! Очекувам набргу многу добри вести за граѓаните!

Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани – изјави премиерот Мицкоски.

Учениците се враќаат на настава на 20 јануари – надлежните со апел да нема отсуства

Министерката министерката за образование и наука апелира до родителите и до учениците да бидат редовни во училиштата и што е можно поретко да отсуствуваат, зашто, како што додаде, сите испитувања и во земјава и во светот покажуваат дека оние што редовно ја посетуваат наставата постигнуваат подобри резултати.

Важни вести за Македонија од Брисел: „Политико“ јавува за „планот за двостепена ЕУ“ и „отежнување на правото да се користи ветото“!

„ Новите предлози ќе понудат можност да се стане членка на ЕУ, но ќе се ограничат некои права за донесување одлуки – а можните членки се поделени. Земјите што чекаа со години да се приклучат кон ЕУ се поделени околу плановите, што се изготвуваат во Брисел, за да им се дозволи да станат членки без вообичаеното полноправно право на глас. Меѓу малкуте земји во Источна Европа и Западен Балкан, кои се во ред за пристапување кон блокот, се појавува поделба околу условите поврзани со нивните апликации. Некои инсистираат дека треба да ги добијат сите придобивки од блокот, додека други се среќни само што се на масата.“ – објави денес аналитичкиот магазин за европски прашања „Политико“ од Брисел. – извести денес угледниот „Политико“ од Брисел за моментните расправи, кои се водат во Брисел за планот за „двостепена ЕУ“, што може да има соодветно значење за евроинтеграцијата на Македонија.

To top