Македонија

Фактор: Речиси дупло „скокнаа“ хонорарите на членовите на Историската комисија!?

Хонорарите се зголемиле за „78 отсто“ за нешто повеќе од една година

 

Хонорарите во Комисијата за историски прашања со Бугарија, што произлезе од Договорот за добрососедство, достигнаа до речиси 2.000 евра на месечно ниво, објави „Фактор“.

Македонските историчари од Заедничката мешовита македонско-бугарска комисија на редовно месечно ниво ги исплаќа Министерството за надворешни работи и трговија.

Алатката „отворени финансии“, покажува дека месечниот хонорар на координаторот достигнува 120.000 денари, а останатите членови добиваат по 110.000, 104.000 денари што е зголемување од 78% според порталот Фактор.

Само до пред некоја година оние што беа на платениот список во МНР добиваа по 1.000 евра, а координаторот по 74.000 денари.

„Од Министерството за надворешни работи не одговорија колку вкупно изнесуваат месечните трошоци за исплата на експертите од овој состав, но велат дека зголемувањето не е донесено со конкретен акт во актуелниот мандат“ пишува Фактор.

„Ве информираме дека висината на надоместоците на членовите на историските комисии останува непроменета и е утврдена со одлука на претходната влада.
Во изминатиот период, со одлука на Владата, беше направена само измена во составот на комисиите, без интервенција во висината на нивните примања“, велат од министерството.

Владата во септември лани на седница за претседател (координатор) го назначи Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Други членови се Александар Литовски, Митко Панов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.
Премиерот Христијан Мицкоски по неколку дена побара истражни органи да се вклучат во истрага „која треба да покаже каде се трошеле парите и колкави се хонорарите на членовите на историската комисија“, потсетиува Фактор.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top