Македонија

Фатен сторителот на ноќниот еколошки инцидент во Скопје

Се очекува денеска детално да биде анализиран елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси

Фатен сторителот на полноќниот еколошки инцидент во Скопје кој ги загрижи граѓаните на главниот град.

Градоначалникот на Скопје пред полноќ објави дека сторителот е пронајден, се постапува веднаш и никој не смее да го загрозува здравјето на скопјани!

,,Вечерва, на социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно преземавме мерки.

 

Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба.

Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во состојбата.

 

📌 На лице место беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина.

 

👷‍♂️ Станува збор за сериозно нарушување на законските прописи и директно загрозување на животната средина.

 

Надлежните институции веднаш постапија.

 

Земени се проби од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице”, објави градоначалникот Ѓоргиевски.

 

 

Се очекува денеска детално да биде анализиран елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси.

 

Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки.

 

,,Никакво отстапување нема да биде дозволено, секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните, ќе се соочи со целосната сила на институциите”, порачува градоначалникот од кого се очекува да го објави и името на компанијата која го предизвикала инцидентот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top