Македонија

Фетаи бара повисока казна, за родителите каењето е манипулативно

По седницата во Апелација

Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии, бараме правда што ќе испрати јасна и гласна порака дека човечкиот живот е неприкосновен, вели јавната обвинителка Фатиме Фетаи.

Ставот на Вишото јавно обвинителство Скопје, посочи Фетаи во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје, е дека жалбата на Обвинителство треба да биде уважена, а жалбата на одбраната треба да биде одбиена како неоснована.

-Првостепената пресуда со којашто обвинетиот Васил Јованов е огласен виновен за кривичното дело да биде преиначена, на начин што истиот ќе биде осуден на повисока казна затвор. Максимум за ова кривично дело знаете е 20 години затвор, вели Фетаи.

Главната дилема, всушност, како што посочи Фетаи и главен аргумент на одбраната, е дека ова е навистина досега највисока изречена казна за ваков вид кривични дела.

-Меѓутоа, судската пракса првенствено не е формален извор на правото, туку секој кривичен предмет е засебен и треба да бидат ценети сите околности на случајот, поврзани со тој предмет, меѓутоа поврзани и со личноста на сторителот. Сите околности од член 39 од КЗ, коишто стојат на страна на обвинетиот упатуваат на неопходност од негова осуда на повисока казна затвор, изјави Фетаи.

Во однос на судската пракса, според Фетаи, казната затвор не е само бројка, туку став, и одразува какви вредности всушност ние штитиме.

Таткото на Фросина Кулакова, во изјава за медиумите по денешната јавна седница, рече дека  судската пракса мора да се исправи и да се воспостави правда и конечно да се стави крај на озогласена пракса на минимални казни за најтешките злосторства и убиства во сообраќајот.

– Како е можно во земја каде секојдневно ни гинат луѓе на улиците да нема ниту еден случај со максимална казна. Тоа не е случајност, тоа корупција што ја изела правдата. Токму тоа се случи и во нашиот случај.  Апелациониот суд мора да го исправи овој тежок криминал и беззаконие. Овој случај мора да има пресвртница, да се врати силата на законот и правдата за жртвите, изјави Кулаков.

Кулаков, исто така, најави дека како семејство ќе поднесат кривични пријави против судијките Даниела Алексовска и Снежана Марковска, каки и претставка до Судскиот совет за нивно разрешување.

Мајката на Фросина Кулакова, во изјава за медиумите по денешната јавна седница, рече дека денеска во судница повеќе од четири часа слушале за тоа колку млад и успешен спортист бил Васил Јованов, а дека никој не ја споменал Фросина и колку успешна била таа.

-Кој не спомена нас. Каде сме ние. Ние сме духовни инвалиди станати. Таа допре до толку многу луѓе, зато беа такви и протестите… Признанието на вина нема тежина во овој случај, бидејќи фактите се многу јасни. Освен тоа, каењето, искреното каење, какво е тоа, кога првиот ден во притвор тој се снабдува со мобилен телефон. Дали е тоа вистинско каење, па за да може да влијае на постапката. Тоа е чиста реторика, манипулативно, само за да се добие пониска казна. За мене 12 години се многу малку, ништо нема да ја врати. 12 години можеби за него се многу, но за еден живот тоа се ништо, изјави Кулакова.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top