Македонија

Филипче: Јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

Лидерот на СДСМ кој оди кон помалку од 100 илјади гласови им се закани на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ

Јас кажувам дека овие сега нема да избегаат, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во интервју во емисијата „Трилинг“.

Филипче не се осврнува на криминалот на СДСМ конкретно но нагласува дека секој што сторил злоупотреби мора да сноси одговорност, и додава дека сегашнот систем на власта не обезбедува правда поради силното политичко влијание.

Тој вели дека не смее да има селективна правда и дека граѓаните не можат да очекуваат правичен систем во услови кога институциите се под контрола на власта.

„Никола Груевски, можеби избега, ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат. Секој треба да понесе одговорност за се што правел. Ама не може овој систем, како што вака го контролира премиерот, било кој граѓанин да очекува, правда и неселективност“, рече Филипче.

Тој додаде дека политиките што сега ги води премиерот Мицкоски, се идентични на оние од времето на Никола Груевски.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top