Македонија

Филипче најави кадровски промени во врвот на СДСМ

Вели дека иако е на чело на партијата само година и пол, резултатите покажуваат напредок и нова енергија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави и квалитативни кадровски промени во раководството на СДСМ, кои ќе бидат објавени по завршувањето на изборниот процес.

„Ќе има политички и кадровски промени во раководството, за што јавноста ќе биде навремено известена“, истакна Филипче.

Вели дека во многу општини партијата работела во тешки услови и под притисоци.

„Имаше сериозни притисоци во сите општини каде се одвиваа избори – непосредно пред гласањето, каде што имавме градоначалници имаше финансиски контроли и нудење пари за гласови. Работевме во исклучително тешки околности“, рече тој.

Лидерот на СДСМ додаде дека иако е на чело на партијата само година и пол, резултатите покажуваат напредок и нова енергија.

Најнови вести од: Македонија

Комисијата по жалби го поништи тендерот МВР за униформи

Компанијата чија понуда била избрана за најдобра за делот за виндјакна и за теренска униформа за редовната полиција, не ги исполнувала самостојно условите за минимален број на вработени и други критериуми туку приложила т.н. техничка поддршка од фирма од Србија

To top