Македонија

Филипче не гледа вина во Софија: Бугарскиот парламент изгласал чист македонски јазик (ВИДЕО)

За лидерот на СДСМ Бугарија не е закана за македонскиот идентитет затоа што го признала македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес конференција реагираше на вчерашното обраќање на премиерот Мицкоски повторувајќи ги старите обвинувања според кои ВМРО-ДПМНЕ намерно ја држи Македонија во изолација.

Во одговорите на новинарски прашања Филипче тврди дека Бугарија не го загрозува македонскиот идентитет и вели дека Македонија нема работа со Бугарија туку со членките на ЕУ.

На прашање од новинарите за позициите на соседите кои тврдат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот Филипче вели дека Бугарија односно Парламентот во Софија признал чист македонски јазик.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top