Македонија

Филипче: Преговараме кого ќе поддржиме и каде во вториот круг

Ќе донесеме конечен заклучок за тоа како ќе се поставиме и со кого ќе коалицираме во следните неколку денови, најкасно до среда, рече Филипче

Разговорите со другите политички партии за взаемна поддршка се во тек, кого и каде ќе се поддржиме, а конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови, изјави претседателот на СДСМ.

„Во рамките на тие разговори апсолутно разговараме за двете работи, таму каде нас ни треба поддршка и таму каде што ние треба да дадеме поддршка“, рече Филипче.

Околу повиците за етичко гласање и поставеноста кон кандидати од други партии, тој потенцираше дека одлуката ќе биде резултат на внатрешна анализа, локални околности и политички ставови, а не на етничка припадност.

„Мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите меѓуетнички односи се нешто што мора да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но кај нас тоа нема да биде критериум. Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда, кој ќе се темели на карактеристиките на нашите општински организации, расположението на членството и афинитетите на луѓето на терен“, изјави Филипче.

За евентуална поддршка на кандидати од ДУИ или Левица, тој посочи дека разговорите се во тек и не се водат само за Кичево или Брвеница, туку и за други општини како Скопје, Карпош и Куманово.

„Не се водиме по принципот на етничка разлика. Разговараме со сите политички чинители“, додаде Филипче, нагласувајќи дека ставот ќе биде јасен и усогласен со вредностите што СДСМ ги застапува.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top