Македонија

Филипче промовираше видео на Мицкоски и порача дека сите успеси на Македонија се на СДСМ

Сакаше да го навреди а всушност му помогна на премиерот Мицкоски убавото видео да дојде до поголем број на луѓе

Лидерот на опозицијата Венко Филипче денеска го промовираше видеото на премиерот Христијан Мицкоски при што порача дека сите успеси на Македонија се дело на СДСМ.

Според Филипче видеото кое Мицкоски денеска го објави по повод 35 години независност било промоција на државотворната политика на СДСМ.

,,Во видеото е Киро Глигоров.
Во видеото се најголемите успеси на Македонија.
Во видеото недостасува само влезот во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ – дело на СДСМ.
Сè што е позитивно во овие 35 години носи потпис на СДСМ”, напиша Филипче.

Филипче смета дека Мицкоски сакал да се пофали а всушност покажал кој навистина ја градел државата.

Притоа не гледа дека тој сакал да го нападне Мицкоски а всушност му го споделил прекрасното видео на сите свои сопартијци.

Коментарите на објавата се посебен проблем за Филипче. Сите се критички за него и нема ниту еден со поддршка.

Што пишува во коментарите:

Жал ми е што не ја сфаќате поентата на спотов, не знам кој ви е админ ама воопшто не го бива.

Само за фалење сте. Кога точно Македонија ги почна преговорите со ЕУ, банди една криминално лажлива?

Абре оди не се глупирај, вулгар.

Видеото во текстот

Објавен спотот за 35 години независна Македонија (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Јотова не била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

To top