Македонија

Филипче: Во време на СДСМ имавме кризи, но ги надминавме

Исповед на лидерот за тешките седум години власт на СДСМ

 

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вели дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во услови и кога нема криза не презема никакви мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, СДСМ за седум години покажа што значи вистинска грижа за секој граѓанин и за приватниот сектор.

„СДСМ имаше седум години власт во кои речиси секоја година имаше криза. Имаше Ковид криза, имаше енергетска криза, економска криза. И во сите кризи покажавме со конкретни акции, со конкретни чекори како се заштитени граѓаните. Платите се зголемија дури и во вакви кризи“, рече Филипче.

Тој потсети дека СДСМ ги заштити граѓаните со девет антикризни пакети, им помогна на компаниите да бидат ликвидни.

„Имавме девет антикризни пакети во вредност од 2,6 милијарди евра. Зачувани се 80.000 работни места во 20.000 компании. Над 660.000 семејства беа заштитени со поддршка за плаќање на сметките за струја. Тие семејства не го почувствуваа ценовниот шок“, рече Филипче.

Филипче додаде дека со власта на СДСМ, за прв пат, минималната плата е зголемена три пати, а паралелно се зголеми и просечната плата.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top