Македонија

(Фокус): Делегација на УЈП во работна посета на Даночната управа на Црна Гора

Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област, нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции кои успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација.

Делегација од Управата за јавни приходи предводена од директорката м-р Елена Петрова, оствари работна посета на Даночната управа на Црна Гора, со цел размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка во процесот на модернизација на даночните администрации. Во текот на средбата, претставниците на двете институции разговараа за клучни прашања кои се од важност на современите даночни администрации, вклучувајќи ја дигитализацијата на деловните процеси, унапредувањето на електронските услуги за даночните обврзници и управувањето со даночните ризици.

Посебен акцент беше ставен на искуствата поврзани со е-фискализацијата, како важна алатка за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на даночните системи во регионот. Во рамки на посетата, претставниците на Даночната управа на Црна Гора ги презентираа искуствата од воведувањето на Интегрираниот систем за управување со приходи (IRMS), кој е во примена од почетокот на оваа година. Се разговараше за предизвиците во процесот на имплементација, начините на нивно надминување, како и за постигнатите резултати во унапредувањето на даночната администрација.

Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област, нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции кои успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација.

Двете институции ја потврдија важноста на ваквата регионална соработка како двигател на реформските процеси и се согласија дека директната размена на знаења, искуства и добри практики придонесува за поефикасни решенија и побрзо постигнување на резултати. Беше изразена подготвеност соработката да продолжи и во иднина преку конкретни форми на стручна и институционална размена.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top