Македонија

„Фол“: Непознати лица намерно го исекле главниот цевковод, за да го прекинат водоснабдувањето на цело Тетово еден ден пред изборите?! (ВИДЕО)

Дали е можно и ова?!

„Непознати лица го оштетиле главниот цевковод на водоснабдувањето, што го снабдува градот Тетово со вода. Случајот го пријавил директорот на Јавното комунално претпријатие ‘Шар’“ Валон Зеќири, кој вели дека оваа саботажа има за цел да го прекине водоснабдувањето за Тетово еден ден пред изборите.“ – објави вчера информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата фото и видео-вест со наслов „Голем скандал: Намерно е оштетен водоводот на Тетово еден ден пред изборите“.

Покрај другото, во веста порталот наведува: „Непознати лица го оштетиле со остри предмети главниот цевковод на водоснабдувањето во Лешница, со цел да го остават Тетово без вода — само еден ден пред изборите!“ – напиша на општествената мрежа директорот Зеќири, придружувајќи ја својата објава и со видео-доказ од оштетениот цевковод.

Видео

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top