Македонија

„Фол“: Раскол во ДУИ во Теарце, Тетовско: оставки на претседателот на подогранокот во Одри Џелили и членот на огранокот Зибери

Одлуката на Али Ахмети и претседателството на ДУИ кој да биде кандидиран на локалните избори за претседател на селската општина Теарце, во тетовскиот регион, предизвика многубројни незадоволства во огранокот на ДУИ во Теарце во тетовскиот регион. – јавуваат албанските медиуми.

„Кандидатурата на Назим Таипи за градоначалник предизвика многубројни незадоволства во огранокот на ДУИ во селската општина Теарце во тетовскиот регион. Претседателот на подогранокот на ДУИ во село Одри Берат Џелили заедно со членот на огранокот Мевлан Зибери, поднесоа оставки од своите позиции.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информција со наслов „Раскол во Теарце: Претседателот на подогранокот во Одри Берат Џелили, поднесе оставка заедно со член на огранокот“.

Порталот дополнува во информацијата: „По долгогодишна посветеност и заеднички напори решив да поднесам оставка од мојата позиција како претседател на огранокот на ДУИ во Одри заедно со членот на огранокот Мевлан Зибери. Личните причини ме принудуваат да се повлечам.“ – напиша, покрај другото Џелили на својот профил на општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top