Македонија Хроника

(Фото): Човек усмртен под прозор на својот дом во центарот на Скопје

Скопјанец усмртен под прозорецот на својот дом. Се огласи МВР – бил прегазен од мотор во пешачката зона кај „Жабарот“. Се истражува случајот.

Излегол да фрли ѓубре, па смртно го прегазиле пред неговиот дом. Уште една жртва на сообраќајното дивеење во Скопје. 68-годишен човек настрада по удар од мотоцикл. Возачот побегнал, неговиот сопатник е повреден.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

  • Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од полицијата.

Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top