Македонија

(Фото): Екипите на „Водовод“ цел ден на терен – дефектот саниран или трајно решен?!

Голем дефект на водоводната мрежа во Скопје се случи доцна синоќа, поради што голем дел од градот – Влае, Ѓорче Петров, Карпош, Тафталиџе, Центар  и Аеродром  остана без вода или со значително намален притисок.

Не се знае колку време им треба на надлежните да го санираат проблемот со цефката во Влае, што го остави пола Скопје без вода, откако доцна синоќа околу 22 часот експлодираше градската водоводна линија Ф-600 во Влае. Огромниот багер, со голема прецизност меѓу повеќе кабли успеа да го отстани оштетениот дел. Граѓаните, револтирани од ваквата состојба, реагираа на социјалните мрежи.

– Нема парно, нема вода, ама платена политичка кампања од граѓаните на телевизија и на „Фејсбук“ има – пишуваат, револтирани, скопјани.

Други, пак, коментираат дека ЈП „Водовод и канализација“ бара уредно платени сметки, а два часа нема вода.

– Тотално сте неподготвени, а и ништо веќе не ме чуди во оваа држава. Ќе го средите проблемот за едно три-четири дена – се дел од реакциите на граѓаните.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека е нормализирано водоснабдувањето во градот и дека нивните екипи се на терен и интензивно работат на санација на дефектите. Оттаму наведоа дека причина за синоќешниот голем дефект биле повеќе краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија кај бунарите на Лепенец. Притоа, прекините предизвикале варијации на притисокот во пумпниот систем, што резултирало со пукање на главната водоводна цевка со дијаметар од 600 милиметри, на улицата „Франце Прешерн“ во населбата Влае.

„Електродистрибуција“, пак, ги отфрли како невистинити наводите на ЈП „Водовод и канализација“ дека вчерашниот прекин во водоснабдувањето во неколку населени места во Скопје бил предизвикан од краткотрајни прекини на снабдувањето со електрична енергија во регионот кај бунарите на Лепенец.

Од „Електродистрибуција“ тврдат дека напојувањето е согласно и во граница на пропишаните стандарди и дека не е регистрирано никакво отстапување.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top