Македонија

(Фото): Горат шуми, стрништа, депонии – пожарите никако да стивнат

Надлежнте велат дека на терен се забележани дрвени палети полиени со бензин, гуми и шишиња со запаливи течности, што укажува на обиди за подметнување на пожари.

Борбата со огнените стихии за момент во мирување. Секој ден ново изненадување. Шуми, полиња, стрништа, депонии, пожарите не стивнуваат низ Македонија. Од Центарот за управување со кризи велат дека имаат полни раце работа, директорот Мухамед Аљи вели дека најмногу жаришта има на територија на Македонски Брод. Битката со пожарите е отежната дополнително и поради ветерот. Надлежните велат дека се вклучени сите ресурси како би се минимизирала штетата.

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојначе Ангелов вели дека полицајци и лица во цивилка, патролираат секаде каде има опасност од пожари.

Ветрот и дождот привремено ја стабилизираа состојбата со пожарите низ Македонија. За сега, на отворено беснеат пет пожари за што пожарникарите прават напори да ги стават под контрола. Критирично се уште е во Чучер-Сандево, Крива Паланка, Дојран. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека постојат сериозни сомнежи оти некој ги подметнувал пожарите. Упати апел до граѓаните ако видат сомнителни луѓе кои носат палети, или запаливи материјали, веднаш да пријават на 112.

Само во јули, заклучно со денешниот ден, регистрирани се 288 пожари, од кои 26 се шумски, а 262 се на висока сува трева, стрништа, како и на депонии.

Надлежните апелираат на зголемена будност, одговорност и соработка во справувањето со пожарите, особено во услови на високи температури и силен ветер. За да се помогне во гаснењето на пожарите, институциите започнаа мобилизација на 400 невработени кои ќе се вклучат за заштита и превенција од пожари. Само во Скопје се бараат 80 луѓе.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top