Македонија

(Фото): Казахстан ја гледа Македонија како клучна врска со европскиот пазар

Македонија и Казахстан ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена. За таа цел, вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје и потпишувањето два значајни документи ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена. Ова беше заклучено на заедничката прес-конференција меѓу министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо […]

Македонија и Казахстан ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена. За таа цел, вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје и потпишувањето два значајни документи ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена. Ова беше заклучено на заедничката прес-конференција меѓу министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјата.

  • Оваа посета е јасен сигнал за заедничката подготвеност за продлабочување на економската соработка и унапредување на севкупните билатерални односи. Во разговорите отворено констатиравме дека сегашното ниво на економска размена не го одразува реалниот потенцијал меѓу двете земји. Но исто така се согласивме дека постојат конкретни и достижни можности тој јаз да го затвориме во периодот што следува – рече Муцунски.

Во таа насока, Муцунски информира дека разговарале за одржување на втората седница на Заедничката македонско-казахстанска комисија за трговска и економска соработка во Астана, како важен чекор за поинтензивна и пофокусирана економска динамика.

  • Паралелно останува наша заедничка задача да ги надминеме предизвиците поврзани со географската оддалеченост преку зајакнување на директната комуникација меѓу компаниите и стопанските комори, како и преку поактивна организација на бизнис-форуми, саеми и промотивни активности, вклучително и во областа на културата и туризмот – рече Муцунски.

Тој изрази уверување дека вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје, како и потпишувањето на два значајни документа, ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена.

  • Создавањето на предвидлива и конкурентна деловна клима и привлекувањето на странски инвестиции останува врвен приоритет на Владата. Во таа насока остануваме отворени за казахстански инвеститори, како во технолошко-индустриските развојни зони, така и пошироко, во согласност со нивните инвестициски интереси – заклучи Муцунски.

Шакалиев од своја страна рече дека Казахстан и Македонија продолжуваат постојано да ги зајакнуваат билатералните односи, ставајќи особен акцент на развојот на трговската, економската и инвестиционата соработка.

  • Казахстанската делегација, која што ја сочинуваат претставници на деловната заедница, агроиндустрискиот сектор и академската заедница, пристигна денес во Македонија како дел од трговската и економската мисија на нашата земја. Главната цел ни е да ја зголемиме билатералната трговија, да ги прошириме деловните контакти и да воспоставиме конкретни области на соработка – истакна Шакалиев.

Тој нагласи дека Казахстан активно го развива својот транспортен и логистички сектор, гради одржливи патишта меѓу Азија и Европа.

  • Клучна улога во тој процес игра Транскаспискиот меѓународен транспортен пат, односно Средниот коридор, кој ја обликува новата конфигурација на евроазиската трговија. Во тој контекст, Македонија се гледа како ветувачка врска на европскиот пат. Нејзината географска локација и интеграцијата во балканските транспортни мрежи создаваат дополнителни можности за воспоставување отпорни логистички синџири, за пласирање на казахстанските производи на пазарите во Југоисточна и во Источна Европа – рече Шакалиев.

Казахстанскиот министер посочи дека еден од клучните практични чекори ќе биде воспоставувањето на деловен совет, кој ќе ја олесни директната интеракција меѓу деловните заедници на двете земји и ќе овозможи брз развој на споделени проекти.

  • Таквите иницијативи, вклучувајќи ги и трговските мисии и создавањето на институционални платформи за дијалог, се гледаат како почетна точка за премин кон поструктурирана и одржлива трговска и економска соработка меѓу нашите две земји. Фокусот се става на развојот на индустриската соработка, воспоставување заеднички деловни проекти и проширување на инвестицискиот ангажман, што ќе придонесе кон заеднички модели кои носат придобивки за двете земји – заклучи Шакалиев на заедничката прес-конференција со Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top